Search

Груби – Викерс: Приоритети се железничката пруга Скопје – Драч, Клиничкиот центар и целосна дигитализација

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби се сретна со специјалниот пратеник за трговија на Обединетото Кралство за Западен Балкан Мартин Викерс, придружуван од британскиот амбасадор Метју Лосон.

Груби и Викерс разговараа за билатералните односи, економско-трговската соработка, Британската бизнис асоцијација и поддршката за регионалната стабилност и безбедност како и проектите што се реализираат вклучително и железничката пруга Скопје – Драч, Клиничкиот центар како и целосна дигитализација на Владата и владините служби.

-Односите меѓу двете држави беа оценети како стабилни, вклучително и економската и комерцијалната соработка, при што Груби истакна дека Обединетото Кралство е втор по големина инвеститор во земјата, додека Северна Македонија е првиот трговски партнер од Западен Балкан, соопштија од Министерството за политички систем.

Работата на британските компании во земјава е високо ценета, особено сега по формирањето на Британската бизнис асоцијација која ќе придонесе за привлекување на нови инвестиции со посебен акцент во областа на енергетиката и инфраструктурата.

Груби и Викерс разговараа и за политичките актуелности во земјата и регионот и се заблагодарија за континуираната поддршка во насока на зајакнување на демократските капацитети, одржување и зајакнување на регионалната стабилност и безбедност во рамките на НАТО и на патот кон членство во ЕУ. 

Треба да знаете
Последни објави