Барселона официјално обвинета за поткуп на судии, и се заканува исфрлање од Лигата на шампионите

Барселона официјално беше обвинета за поткуп на судии во случајот Негреиро. Каталонскиот гигант плати седум и пол милиони евра на компанијата во сопственост на поранешниот потпретседател на техничката комисија на шпанските судии, Хозе Марија Енрикез Негреира, што правосудните органи го сметаат за кривично дело.

„Кривичното дело поткуп се завршува кога ќе се изврши исплатата, без разлика дали поради таквите плаќања се докажува систематската корупција на шпанската арбитража“, изјави судијата на судот во Барселона, Хоакин Агире.

Можната системска корупција се однесува на тоа што Негреира го контролираше системот за оценување на фудбалските судии. Поранешните претседатели на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел, како и Негреира и неговиот син, се обвинети за вмешаност во поткуп. Поткупот носи посериозни казни од кривичното дело корупција меѓу поединци, поради што досега се водеше истрага против Барселона. Полициски извори тврдат дека во овој момент не се очекуваат апсења.

„Доколку се докаже дека некој од клубот барал пари или некаква отштета за неправедна одлука, тоа би било поткуп. Во овој случај веќе е докажано дека клубот префрлил повеќе од седум милиони на сметките на Негреира и неговиот син за низа неоправдани услуги”, пишува Marca.

Треба да знаете
Последни објави