Search

Шукова: Последниве години многу се вложува во намалување на аерозагадувањето и има тренд на негово намување

 Сите сме свесни дека последните години, не само изминатите седум години, државата се соочува со проблемот на аерозагадувањето. Меѓутоа, она што Гaрдијан во својата статија не го истакна е дека последниве 6-7 години многу се вложува во намалување на аерозагадувањето и има тренд на намување на деновите кога е утврдено надминување на граничните вредности на загадувањето и дека последните неколку години, согласно податоците на државниот автоматски мониторинг систем има тренд, повторно, на намалување на просечните гранични вредности. 

Ова го истакна министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова одговарајќи на пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески на собраниската седница за пратенички прашања, кој обвини за лоши резултати на власта во справување со аерозагадувањето во Скопје. Ристовски посочи на текст на британски Гардијан според кој, „Македонија е најзагадена земја во Европа“ и побара одговорност од ресорната министерка Шукова. 

-Кога бевте во опозицијата изјавувавте загадувањето е последица на неодговорната власт која веднаш мора да замине, па сега би ве прашал што чекате. Логички е да си поднесете оставка и цела влада оти се освен ова ќе претставува лицемерие, рече Ристески.

Тој додаде и дека Владата прави реалокација на средства најмногу кратејќи од зелената програма во управувањето и заштитата на води, третманот на отпадни води, просторни планови и унапредување на животната средина.

Шукова му одговори дека прераспределбата на средствата е задари исплаќање на реализираните проекти од областа на животната средина.

-Сакам да потенцирам дека во буџетот на МЖСПП со прераспределбата на средствата не се кратат иако фиктивно тоа така изгледа, само правиме прерасперделба за да можеме да ги извршиме плаќањата кон оние проекти кои што се реализираа. Капиталните проекти во животна средина успешно се рализираат преку набавките на Министерството, но и преку донаторската помош која се повеќе пристига во Македонија, гледајќи дека оваа Влада ја води земјата се повеќе кон ЕУ, рече министерката за животна средина.

Она што Гардијан во својата анализа не го истакува, додава Шукова, е што оваа Влада предводена од СДСМ последните неколку години активно работи на воведување обновливи извори на енергија кои што ќе ги заменат нееколошките извори на енергија што до крајот на годината значи воведување на 600 мегавати, наспроти 16 мегавати иснатлирани во времете на ВМРО-ДПМНЕ. Континуирано се работи, вели таа, и на замена на нееколошки системи за затоплување во јавните објекти, што во голем дел од државата веќе се заменети и тоа со интервенции на државата. 

Таа се осврна и на новиот проект на МЖСПП кој во моментов го почнуваат со три компоненти, кој што се финансира од европски пари во висина од 10 милиони евра каде што во четири градови во кои се евидентирани поголеми проблеми, продолжуваат со интервенциите – во Скопје, Битола, Куманово и Тетово. Со него, вели, ќе се продолжи со замена на нееколошките системи во јавните објекти, со набавка на еколошки автобуси за градот Скопје и третата компонента е нови зелени површини во овие четири општини во државата.

-На крај сакам да потенцирам, јас сум долго време во Министерството, ги памтат изборните процеси во изминативе 20 години, а паметам и дека на последните локални избори вашите кандидати за градоналалници излегоа со флаери каде што велеа заедно со градоначалничката дека Скопје ќе биде најчист град во Европа, а исто така и другите градови во земјава. Но јас колку што можем да видам Скопје е далеку дека денес лични на чист град, и за жал, во оваа држава се што се случува во справувањето со аерозагадувањето во најголем дел го прави Владата, а во многу мал дел општините, вели Шукова.

Треба да знаете
Последни објави