Search

(Фото) Отворена изложбата по повод 100-годишнината од раѓањето на македонскиот сликар Миле Корубин

По повод 100-годишнината од раѓањето на македонскиот сликар Миле Корубин, вечерва во „Чифте амам“ во Скопје пред бројни гости е отворена ретроспективна изложба.

Изложбата ја отворија директорката на Националната галерија, д-р Старова Ќерими, академскиот сликар Рубенс Корубин и д-р Кирил Пенушлиски, историчар на уметноста.

Изложбата ќе трае до 27 октомври 2023 година.

Изложбата е посветена на 100-годишнината од раѓањето на еминентниот македонски сликар Миле Корубин. Временскиот опсег од петдецениска творечка дејност го вбројува Миле Корубин меѓу најплодните македонски сликари.

Треба да знаете
Последни објави