Search

Маричиќ ја демантира Стојановска: Со пратеничката ниту сум имал каква било комуникација ниту сум ѝ испратил каква било вербална или гестикулативна порака

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ги демантира обвинувањата од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска за вербален напад на денешната седница за пратенички прашања и вели дека со пратеничката ниту имал било каква комуникација ниту пак ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака.

„Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа. Дефина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси. Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации. Достојноста на македонскиот парламент е многу поважна од личните и партиски интереси на Дафина Стојаноска и од нервозата и безидејноста која владее во нејзиниот табор“, реагира Маричиќ

Пратеничката Стојаноска од собраниската говорница за време на нејзиното процедурално обраќање на седница, го обвини вицепремиерот Маричиќ дека ѝ испраќал бакнежи и ѝ намигнувал зад грб.

Треба да знаете
Последни објави