Search

АБА шампионот Партизан ги распродаде сезонските билети

Српскиот кошаркарски клуб Партизан за претстојната сезона продаде вкупно 16.124 сезонски билети и од тоа инкасираше рекордни 5.8 милиони евра, соопшти денеска клупското раководство.

Сезонските билети се распродадени за помалку од три недели откако белградскиот клуб почна со продажна на 6 септември.

– Ја затворивме продажбата на сезонските билети – продадени се 16.124 влезници. Не знам дали некој друг ќе може да го достигне овој рекорд. Благодарност до навивачите за нивната поддршка, изјави претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ.

Партизан ја отвора новата кошаркарска сезона на домашен терен против Морнар в понеделник во АБА лигата во која ја брани титулата. 

Треба да знаете
Последни објави