Search

Сасуоло го шокираше Интер на „Џузепе Меаца“

Интер е шокиран на домашен терен од Сасуоло (1:2) во вонредното 6. коло од италијанската фудбалска Серија А. Ова е прв пораз во новата сезона за Интер. Развојот на настаните на „Џузепе Меаца“ не навестуваа ваков епилог. Интер поведе (1:0) во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме, преку Думфрис.

Сепак, Сасуоло не беше разнишан од примениот гол и веќе на стартот од вториот дел ја почна сензацијата. Во рок од 10 минути, од 54. до 63. постигна два гола за прсврт, прво преку Бајрами, а потоа Берарди се запиша во листата на стрелците. Симоне Инѕаги направи четирикратна замена наскоро по пресвртот, Интер имаше иницијатива и шанси, но резултатот не се смени.

Интер остана на лидерската позиција со 15 бода, но сега има друштво во градскиот ривал Милан, кој денеска славеше со 3:1 кај Калјари. Поразот на Интер му одговараше и на Наполи за кого настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, за да фати приклучок во трката за врвот со убедливата победа над Удинезе (4:1). Елмас влезе од клупата дури откако сите погодоци беа постигнати, во 84. минута, на местото на Кварацхелија, кој постигна гол, првпат по 19 март оваа година. Останатите тројца стрелци беа Зјелински, Осимен и Симеоне.

Вечерва се радуваше и Лацио, со 2:0 над Торино. Наполи е петти на табелата со 11 бода, зад Аталанта, Јувентус и ко-лидерите од Милано.

Треба да знаете
Последни објави