Search

Продолжува победничката бајка на Жирона

Реал Мадрид им се врати на победите по поразот во градското дерби од Атлетико во шпанската фудбалска Ла Лига, каде вечерва продолжи триумфалната бајка на Жирона. „Малиот“ клуб од Каталонија победи и шести натпревар едноподруго, овој пат на гости кај Вилјареал (2:1), за да го сочува првото место на табелата.

Со оваа шеста победа едноподруго, Жирона води на табелата со 19 бода, еден повеќе од Реал, кој во ова седмо коло рутински славеше над Лас Палмас со 2:0.

Атлетик Билбао и Хетафе ремизираа 2:2. 

Треба да знаете
Последни објави