Search

Милан со пресврт го мина Каљари

Милан со три бода си замина од гостувањето на Сардинија, победувајќи го Каљари (3:1) во вонредното 6. коло од италијанската фудбалска Серија А. Домаќините поведоа по половина час игра, Лувумбо биеше силно на првата статива и го изненади Спортиело за 1:0. Милан изедначи во 40. минута, голманот на Каљари испушти топка од раце и му овозможи на Окафор да го постигне својот прв гол во Серија А.

Во последните мигови од првиот дел, гостите направија комплетен пресврт, Томори добро се снајде и од неколку метри ја затресе мрежата за 1:2. Победата беше осигурана по еден час игра, Лофтус Чик доби топка на 20 метри и прецизно биеше покрај стативата за 1:3, и за него ова беше гол првенец во калчото.

Аталанта победи нба гостувањето кај Верона (0:1), а Емполи со истиот резултат пред своите навивачи ја совлада Салернитана (1:0).

Милан дојде до 15 бода, колку што има и лидерот Интер, кој вечерва треба да го одигра својот меч, со Сасуоло. Аталанта е четврта со 12 бода, додека Емполи со овој прв триумф сезонава мрдна од „нула“ и се качи на претпоследната позиција, само пред Калјари.

Треба да знаете
Последни објави