Search

Извештај: Беспилотните летала Шахед содржат европски компоненти

Иранските камикази беспилотни летала користени во неодамнешните напади врз украинските градови се полни со европски компоненти, се вели во таен документ што Киев го испратил до западните сојузници.

Во документот од 47 страници, кој украинската влада го достави до владите на Г7 во август, се тврди дека во претходните три месеци имало повеќе од 600 напади врз градови со беспилотни летала со западна технологија.

Според извештајот до кој дојде Гардијан, 52 електрични компоненти произведени од западни компании биле пронајдени во дронот Шахед-131 и 57 во моделот Шахед-136, кој има домет од 2.000 км и брзина на крстарење од 180 км/ч.

Пет европски компании, вклучително и полска подружница на британска мултинационална компанија, се наведени како оригинални производители на идентификуваните компоненти.

„Произведувачите вклучуваат компании со седиште во САД, Швајцарија, Холандија, Германија, Канада, Јапонија и Полска“, се тврди.

Треба да знаете
Последни објави