Search

Ковачевски: Кандидатот на проевропскиот блок ќе стане претседател и проевропската коалиција ќе прави влада идната година

„На следните претседателки избори, кандидатот на европската коалиција, на концепцијата и политичките партии кои се залагаат за интеграција на Северна Македонија во ЕУ ќе биде победнички кандидат и ќе биде избран за претседател“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека по претседателските избори, на парламентарните избори коалицијата за Европска Македонија ќе ја формира следната влада.

„Во однос на конкрентиот настап на изборите, тоа ќе биде коалициски договор врз основа на програма, коалициско усогласување и систем за вредности. Ниту една опција не е исклучена во тој дел“ рече Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање дали СДСМ ќе оди во широка предизборна коалиција со албанските партии од сегашното владејачко мнозинство.

Премиерот Ковачевски рече дека тој е првиот политичар во земјава што уште минатата година рече дека во Северна Македонија има два концепта, едниот за Европска Македонија и напредок во ЕУ со носењето на потребните одлуки, а вториот кој се залага за блокада и изолација.

Треба да знаете
Последни објави