Search

Истрага за свирепото убиство во Кочани и притвор од 30 дена за осомничениот

 Наредба за спроведување истражна постапка и притвор од 30 дена е определен за лицето кое се сомничи дека сторило кривично дело „убиство“, соопшти Јавното обвинителство.

Осомничениот на 25 септември годинава на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на место.

Наредбата за спроведување истражна постапка за лицето поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ ја донесе Основното јавно обвинителство Кочани.

-Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.  Судијата го прифати предлогот и со решение му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од ЈО.

Треба да знаете
Последни објави