Search

Дафне Шиперс ја заврши кариерата

Двократната светска шампионка на 200 метри, холандската атлетичарка Дафне Шиперс денеска објави дека става крај на кариерата. Оваа 31-годишна атлетичарка првпат настапи во седмобој и има бронзен медал во таа дисциплина од Светското првенство во Москва во 2013 година.

Таа потоа се префрли на спринт и освои две злата на 200 метри на Светското првенство во Пекинг во 2015 година и две години подоцна во Лондон. Таа освои и сребро на 100 метри во Пекинг.

Помеѓу нејзините две светски злата, таа освои олимписки сребрен медал на 200 метри на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Кариерата на оваа Холанѓанка беше попречена од повредите по двете светски злата и таа никогаш повеќе не освои уште една голема титула.

„Трката запира тука. Како спортист, секогаш знаете дека ќе дојде овој ден, дека во одреден момент вашата кариера ќе биде момент во времето – збирка спомени и, се надевам, медал“, напиша Шиперс во објавата на Инстаграм.


Треба да знаете
Последни објави