Search

Тренчевска: Наскоро ќе има конкретни предлози од работната група за барањата на пензионерите

Очекуваме наскоро да има конкретни предлози од работната група и тие ќе бидат проследени до владата, изјави министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска за време на денешниот престој во Битола, а во врска со барањето на пензионерите за повисоки пензии.

Работната група формирана од Vладата редовно заседава, рече Тренчевска, се разговара за сите предлози од Сојузот на пензионери, граѓани пензионери членови на иницијативниот одбор што протестира и Партијаta на пензионерите кои доставија барања до Министерството за труд и социјална политика.

-Сите барања се разгледуваат едно по едно, а кога има потреба повикуваме претставници од Министерство за здравство и од Фондот за здравство затоа што дел од барањата се поврзани со олеснување во делот на здравствената заштита на пензионерите. Очекуваме наскоро да има конкретни предлози од работната група и тие ќе бидат проследени до владата. Во овој момент има голем број на барања кои не се само од аспект на зголемување на пензиите, туку и во делот на здравството и други услуги кои ги сакаат пензионерите. Пензионерите за се навреме ќе бидат информирани, изјави Тренчевска.

Треба да знаете
Последни објави