Search

Нисан вели дека сите нови модели кои доаѓаат во Европа ќе бидат целосно електрични

Нисан вети дека ќе „притисне напред“ со планот за продажба само на електрични возила во Европа. Јапонскиот производител на автомобили најави дека сите нови модели во Европа ќе бидат целосно електрични до крајот на деценијата.

Компанијата планира да претстави 19 целосно електрични и осум хибридни модели пред 2030 година. Нисан, исто така, работи на батерија која може да го намали времето на полнење за една третина.

„ЕВ возилата напојувани од обновливи извори се клучни за да постигнеме јаглеродна неутралност, што е централно за нашата визија Ambition 2030. Нисан ќе се префрли на целосно електрични автомобили до 2030 година во Европа – веруваме дека тоа е вистинската работа за нашиот бизнис, нашите клиенти и за планетата“, изјавија од компанијата.

Треба да знаете
Последни објави