Search

ЕК го забрани спојувањето на Букинг и еТравели

Европската комисија забрани спојување на две водечки компании во областа на онлајн туристичките агенции – американската Букинг и шведската еТравели.

„Водена од Регулативата за спојување, Европската комисија им забрани на Booking Holdings (Booking) предложеното купување на Flugo Group Holdings AB (eTraveli), бидејќи тоа ќе му овозможи на Букинг да ја зајакне својата доминантна позиција на пазарот на хотели и онлајн туристички агенции во Европска економска зона“, се наведува во соопштението на Европскиот совет.

Како што се додава, „тоа би можело да влијае на зголемувањето на цените за хотелите, а веројатно и за крајните корисници“.

ЕК објаснува дека оваа одлука е донесена по длабинска истрага и додава дека Букинг не обезбедил доволно правни лекови кои би биле доволни за да се решат сите грижи на регулаторот и штетното влијание на таа трансакција врз конкуренцијата.

Истрагата на Европската комисија покажа дека спојувањето на две водечки компании во областа на онлајн туристичките агенции ќе доведе до нарушувања на пазарот на онлајн хотелски и туристички услуги, кој има годишен обрт од над 100 милијарди евра на територијата на само Европската економска заедница. Наоѓањето сместување е најпрофитабилниот дел од секторот и тој пазар вреди околу 40 милијарди годишно, проследено со пронаоѓање транспорт, од авиони до такси услуги.

Букинг е водечка онлајн компанија за наоѓање сместување, а исто така е активна и на пазарот на метаподатоци, додека еТравели е еден од главните даватели на летови во Европа.

„Со зголемување на сообраќајот и продажбата на платформите на Букинг, аквизицијата би ги зајакнала ефектите на мрежата и би ги зголемила пречките за другите компании, како за оние кои сакаат да влезат на тој пазар, така и за растот на веќе присутните. Ова дополнително би ја попречило нивната способност да развијат база на клиенти способна да го поддржи бизнисот со онлајн агенции за патување и сместување, додека оние што се на пат да станат конкуренти можеби нема да можат да го сторат тоа“, велат од ЕК.

Еврокомесарот задолжен за политика на конкуренција, Дидие Рејндерс, рече дека одлуката е донесена за да се заштитат и потрошувачите и компаниите.

„Нашата одлука да го блокираме спојувањето на двете компании значи дека европските хотели и патници нема дополнително да ги ограничуваат опциите што им се достапни за да ги понудат своите услуги и да го резервираат своето патување. Тоа значи и дека желбата за конкурентни цени и иновации ќе се зачува во овој важен дел од туристичката индустрија“, изјави комесарот.

Треба да знаете
Последни објави