Search

Европската унија увезува се помалку енергенси

Во вториот квартал, увозот на енергенси во Европската унија е намален за 39,4 отсто на годишно ниво во однос на вредноста на увозот и за 11,3 отсто во однос на количината на увозот, односно масата изразена во тони, објави денеска Евростат.

На овој начин продолжува трендот од првиот квартал кога е забележан пад на увозот на нафта во ЕУ за 26,5 отсто, односно за 6,1 отсто во однос на истиот квартал лани.

Увозот на нафтени деривати од Русија се намали за 82 отсто од месечен просек од 8,7 милиони тони во вториот квартал од 2022 година на 1,6 милиони тони во вториот квартал од оваа година, а увозот од други земји надвор од ЕУ се зголеми во истиот период за 5,8 милиони тони до 37,3 милиони тони.

Уделот на Русија во вкупниот увоз на деривати од ЕУ падна на 4,0 отсто во вториот квартал од оваа година од 21,6 отсто, колку што беше забележано во истиот квартал минатата година.

Во вториот квартал, по вредност, ЕУ увезла најмногу нафтени деривати од Норвешка – 13,7 отсто, потоа САД – 13,6 отсто и Казахстан – 10,2 отсто.

Најголеми извозници на природен гас во ЕУ во вториот квартал биле Норвешка – со уддел од 44,3 отсто, Велика Британија – 17,8 отсто и Алжир – 16,5 отсто.

Во истиот период, САД беа убедливо најголем извозник на течен природен гас (ЛНГ) во ЕУ со учество од 46,4 отсто, потоа Русија со 12,4 отсто и Катар со 10,9 отсто.

Треба да знаете
Последни објави