Search

Груевски: Клучното прашање во нашите односи со Бугарија не се уставните измени туку постоењето на македонска нација пред 1944

Во вечерашното вклучување во живо, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата, Никола Груевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја промашува поентата со уставните измени, дека клучното прашање со односите со Бугарија не се измените на Уставот, туку постоењето на македонската нација пред 1944 година.

“ВМРО-ДПМНЕ не вели дека е против уставни измени, туку дали да стапат на сила сега или при влез во ЕУ. Тој им е ставот, нека си тераат, не им се мешам. Но тоа не е воопшто клучното прашање за решавање на односите меѓу Македонија и Бугарија. Бугарија бара да кажеме дека сме заеднички народ пред 1944 година. Македонската нација не е создадена на 2 август 1944 година, има докази за тоа и тука ќе се кршат копјата“ порача Груевски.

Треба да знаете
Последни објави