Search

Шест пожари се активни во околината на Битола и Прилеп

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 36 поголеми пожари. Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови изгаснале 30 пожари, а шест сѐ уште се водат како активни и на терен се пратени екипи за нивното контролирање, локализирање и догаснување. 

Од шестте активни пожари по три се во околината на Битола и Прилеп.

– Општина Битола кај с.Црничани (каде што гори нискостеблеста вегетација), с.Лознани (нискастеблеста вегетација) и кај с.Ивањевци (ниска вегетација)

– Општина Прилеп – кај Слепче (ниска вегетација), с.Долнени (ниска вегетација) и кај с.Тројкрсти (ниска вегетација). 

Во 30 од изгаснатите пожари горела мешана и нискостеблеста вегетација и борова шума.

Пожари се регистрирани низ цела Македонија и тоа по четири во Прилеп и Куманово и Кичево, по три во Струга и Гази Баба, два во Крушево и по еден во Сарај, Кисела Вода, Карпош, Бутел, Струмица, Македонски брод, Кочани, Штип, Пробиштип, Брвеница, Гостивар, Старо Нагоричане и Крива Паланка.

Треба да знаете
Последни објави