Search

Претставниците на Ерменија и Азербејџан ќе се сретнат на 26 септември во Брисел

Секретарот на Советот за безбедност на Ерменија Армен Григорјан и помошникот на азербејџанскиот претседател Хикмет Хаџиев ќе се сретнат на 26 септември во Брисел за да ги подготват разговорите меѓу лидерите на двете земји.

Лидерските разговори се очекува да се одржат во Гранада, Шпанија на 5 октомври, соопшти денеска прес-службата на Советот за безбедност на Ерменија.

Во соопштението за печатот се наведува дека Григоријан ќе биде во официјална посета на Брисел, каде треба да се сретне со советниците на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и со помошникот на претседателот на Азербејџан на 26 септември за да се подготви средбата меѓу лидерите на Ерменија и Азербејџан закажана за 5 октомври во Гранада.

Треба да знаете
Последни објави