Search

Официјално: Убиени тројца од групата која уби косовски полицаец во северно Косово

Косовската полиција го потврди убиството на тројца напаѓачи во северно Косово, како и апсењето на еден припадник на групата и на уште четворица осомничени кај кои се пронајдени апарати за радио-врски, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од полицијата, како што пренесуваат косовските медиуми, информираат и за откривање на значително количество оружје, муниција и разновидна опрема.

Косовската полиција продолжува да ги повикува „криминалните групи да се предадат на органите на правдата“.

Состојбата во атарот на селото Бањска во северно Косово, каде што во раните утрински часови во напад на маскирани и вооружени лица беше убиен еден полицаец и ранет уште еден, и понатаму е мошне тензична, информира полицијата. 

Треба да знаете
Последни објави