Search

Макрон вети 150 милиони долари на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска вети дека ќе даде 150 милиони долари на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (ИФАД) за борба против сиромаштијата и климатските промени во руралните области.

ИФАД е агенција на Обединетите нации со седиште во Рим, која се занимава со решавање на проблемите со сиромаштијата и гладот во руралните области на земјите во развој.

Франција, исто така, вети 40 милиони евра за глобалниот фонд на ОН за образование во итни случаи и долготрајни кризи, Education Cannot Wait (ECW), од 2023 до 2026 година, рече францускиот државен секретар за развој и меѓународни партнерства Крисула Зачаропулу. 

Треба да знаете
Последни објави