Search

Атанасов: МЗТ Скопје имаше зацртано да го освои Суперкупот

Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром синоќа го освои првиот трофеј во новата сезона. Во натпреварот од Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ аеродромци беа подобри од екипата на Феникс со 76:54.

Освоениот трофеј донесе задоволство и во стручниот штаб на „сино-белите“, предводен од тренерот Васко Атанасов.

– Имавме едно лошо прво полувреме во напад и во одбрана, но во вториот дел бевме доста подобри и дојдовме до посакуваниот трофеј. Честитки до мојата екипа за победата и за трофејот кој ни беше зацртан да се освои. Целите се јасни за нас оваа сезона, одиме на секој меч на победа и на домашната сцена и во АБА-2 и се надевам на успех, истакна Атанасов по освојувањето на трофејот.

За МЗТ Скопје Аеродром ова беше шестиот освоен Суперкупот.

Треба да знаете
Последни објави