Search

Владата на САД се подготвува за престанок со работа

Американската влада се подготвува за прекин со работа кој најверојатно ќе следи за осум дена бидејќи конгресмените се уште не го договориле буџетот за следната година, пишува Вашингтон пост.

Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа им препорача на лидерите на федералните агенции да ги ажурираат своите акциони планови во случај на прекин на финансирањето и подготви нацрт писмо за да ги информира вработените за моменталната ситуација.
Според американскиот весник, затворањето на владата значи дека милиони федерални вработени и припадници на војската ќе престанат да добиваат плати, додека многу од нив ќе мора да се појават на работа.

Во исто време, некои национални паркови и музеи ќе бидат затворени, а ќе има и нови прекини и доцнења на аеродромите низ САД.

Престанокот со работа на владата ќе влијае и на најважните федерални програми за помош, како онаа што им помага на жртвите од смртоносните шумски пожари во Мауи, Хаваи.

Владата на САД ќе престане со работа доколку конгресмените не го усвојат буџетот за следната фискална година до крајот на септември.

Треба да знаете
Последни објави