Search

„Бразилскиот пајак скитник може да ве убие, но предизвикува и бизарен несакан ефект! Ова е надеж за милиони мажи…“

Научниците се пофалија дека се чекор поблиску до трансформирање на отровот на пајакот во лек за еректилна дисфункција. Како што пренесува Дејли Меил, бразилскиот пајак скитник (Phoneutria nigriventer) е еден од најопасните за луѓето поради јачината на својот отров, но еден негов аспект со децении предизвикува голема љубопитност во научните кругови.

Имено, каснувањето на овој пајак предизвикува силни болки и воспаленија, губење на контролата на мускулите и проблеми со дишењето, ризик од парализа и можно гушење без лекување, но исто така излегува дека мажите кои се каснати може да доживеат несакана ерекција која трае со часови.

Затоа научниците сега планираат да ги започнат најновите клинички испитувања за да тестираат дали отровот навистина може да биде нов третман за еректилната дисфункција.

Имено, учесниците во истражувањето ќе добијат компонента од отровот за која научниците веруваат дека предизвикува бизарен несакан ефект. Наречен BZ371A, sсе смета дека дел од отровот го поттикнува протокот на крв низ телото. Во природата, ова го прави каснувањето на овој пајак посмртоносен бидејќи неговиот отров побрзо се шири низ телото. Но, ако може да се изолира само тој неопходен дел, тоа би можело да им даде надеж на милиони мажи кои страдаат од еректилна дисфункција.

Истражувачите од Федералниот универзитет Минас Жераис во Бразил веќе ја завршија првата фаза од безбедносното тестирање на BZ371A за мажи и жени. Посебен пилот-тест спроведен на мажи и жени откри дека локалното нанесување на дел од отровот резултирало со зголемување на протокот на крв во нанесената област, што им олеснило на мажите да добијат ерекција.

– Затоа нашата фауна мора да се зачува – таа е неисцрпен извор на биоактивни молекули, а ние сè уште не знаеме околу 1 процент од тој потенцијал – вели професорката Марија Елена де Лима, експерт за биохемија на Федералниот универзитет во Минас Жераис. .

Истражувачите сега планираат да спроведат ново испитување на мажи кои биле подложени на простатектомија поради рак. Овие пациенти често страдаат од еректилна дисфункција. Иако лекови за овој проблем веќе постојат, а најпозната е вијаграта, не можат сите мажи да ги земаат.

Еректилната дисфункција е честа појава кај мажите, особено кај оние постари од 40 години. Има различни причини, но најчести се стресот, заморот, премногу алкохол или несаканите ефекти на некои лекови.

Научниците, исто така, се надеваат дека во иднина ќе испитаат дали BZ371A може да се користи за да им помогне на жените кои страдаат од сексуална дисфункција.

Треба да знаете
Последни објави