Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше и на и официјалното отворање на „Маалски фестивал“ во КСП Јадро. Тој заедно со директорот на културниот центар Јадро Ѓорѓе Јовановиќ го претставија и новиот мурал во општината кој ги отсликува личните доживувања на Скопје и Центар на илустраторите Белкис Аксу и Мурат Калвакан.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/09/отворање-на-маалски-фестивал-2-1024x682.jpg)
„На мое задоволство на ова официјално отворање на второто издание на „Маалски фестивал“ имаме чест да го промовираме новиот мурал на фасадата на овој Културен центар. Муралот е насловен „И ние сме од Скопје“ и истиот зборува за искуствата во Скопје на илустраторите Белкис Аксу и Мурат Калвакан. И Скопје и Центар се баш тоа, носат сопствени приказни и доживувања кои треба да си ги раскажеме. Мене ми е мило што преку овој „Маалски фестивал“ почнуваме да градиме традиција на културни вредности од повеќе аспекти, рече Герасимовски.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/09/image-12.png)
Герасимовски од КСП Јадро ја претстави програмата за останатите два дена која вклучува Креативна работилница за Све и свашта под водство на Никола Писарев, работилница за изработка на чуднозвучни инструменти под водство на Тома Димовски, Маалски базар и мал саем на книги, поетско читање, танцов перформанс на Битрикс, раскажување маалски приказни, кино проекции и Пратеникот, театарска претстава по текстот на Народен пратеник на Бранислав Нушиќ.