Search

Јанкулоска на викенд отсуство, го посети седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и оствари средба со Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фесбук профил објави фотографија со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која отсуството од Идризово, каде издржува казна затвор за случајот Тенк, го искористи за го посети „Белиот дворец“. Тој на објавата напиша: „Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!“,

Со измена на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во казнено-поправните установи, жените-затворенички од „Идризово“ почнаа со користење право на викенд отсуство. Погодностите се користат по потреба, на барање на затвореничките и досега е одобрено за пет жени, меѓу кои и за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Со измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување, донесен од страна на Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, затвореничките ги добија истите погодности како и машките затвореници. 

Треба да знаете
Последни објави