Search

Спасовски го посети „Неготински панаѓур”

Со задоволство се одзвав на поканата на неготинци да го посетам познатиот „Неготински панаѓур”, едновековна традиција на овој град за време на гроздоберот во Тиквешијата, а во чест на верскиот празник Мала Богородица.

Оваа тридневна манифестација, со најдолга традиција во Македонија, привлекува голем број гости и посетители од сите краишта на државата, трговци кои ги промовираат своите производи, карактеристични за поднебјето.

На овој ден се дава предност на доброто расположение, радоста на живеењето и другарувањето – нека е за многу години!

Треба да знаете
Последни објави