Search

Прозивките меѓу Мицкоски и Груевски била тема на дискусија и пред ЦК на ВМРО ДПМНЕ

Прашањата за тоа кој се договарал околу измените на Кривичниот закон и преписката меѓу актуелниот и екс претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски била тема на дискусија на синоќешната седница на Централниот комитет на партијата. Бојан Стојановски кој е член на највисокото партиско тело соопшти дека на оваа седница присуствувале сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со што е испратена порака дека нема поделба во пратеничката група.

Според него уставни измени под бугарски диктат нема да се случат, без разлика од каде доаѓаат сигнали за промена на ставовите меѓу пратениците на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Во оваа приказна активно е вклучен и екс-претседателот и почесен лидер на ВМРО ДПМНЕ, азилантот во Будимпешта Никола Груевски. Тој деновиве е активен со преписки испратени преку социјалните мрежи од Будимпешта. Во новиот поопшриен статус на фејсбук овој пат му се обрати на членството и претседателот Мицкоски.

-Многу сте забрефтани и арогантни. Ве има обземено и злоба. Ја чувствувам кон мене. Исплашени некој да не ви ги земе местата. Ви лежат луѓе невини по затвори, ги влечат по судови, со прст не мрднувате да им помогнете. Ви поминуваат штетни за државата одлуки секој ден. Дремете. Доколку на Седницата на ЦК се зборува за мене и ако сакате тоа демократско правило да го испочитувате ви стојам на располагање преку видео врска да се вклучам во живо, пишува Груевски.

Треба да знаете
Последни објави