Search

Сингапур го истисна Хонг Конг од местото најслободна економија во светот, Македонија на 67 место

По 53 години Хонг Конг ја загуби титулата најслободна економија во светот, а неговото место го зазеде Сингапур, објави канадскиот институт Фрејзер.

За прв пат од почетокот на мерењето на Индексот на економска слобода во светот во 1970 година, Хонг Конг падна од првото на второто место, а се очекува дека ќе падне уште пониско на оваа листа во наредните години, пренесува CNBC. Објавените резултати се базираат на податоци од 2021 година.

Во првите десет земји со најголема економска слобода влегоа Швајцарија, Нов Зеланд и САД, Ирска, Данска, Австралија, Велика Британија и Канада.

Од регионов, најдобро позиционирани се Албанија која зазеде 31 место и Црна Гора која е на 32 место. Бугарија е на 43то место, Хрватска на листата на Институтот е на 54то место, а Словенија на 55то место. Северна Македонија зазеде 65 позиција, а зад нас се Грција и Србија, на 72, односно 76 место. Босна и Херцеговина на листата е на 86 позиција.

Некои од критериумите што се користат за мерење на Индексот на економска слобода се леснотијата на меѓународната трговија, слободата на влез на пазарот и пазарната конкуренција или квалитетот на прописите за водење бизнис. Индексот ја мери и економската слобода на поединците, односно нивната способност самостојно да донесуваат економски одлуки.

Треба да знаете
Последни објави