Search

Одбележување 80 години од започнувањето на наставата на македонски јазик во село Подвис

 Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” во заедничка организација со Главниот одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи денеска ќе положи цвеќе и ќе оддаде почит по повод 80 години од започнувањето на наставата на македонски јазик во училиштето во село Подвис.

На чествувањето свои обраќања ќе имаат проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” и Наум Бурески, потпретседател на Главниот одбор на СБМ.

Со пригодна програма, како што информираат од Институтот, ќе настапат учениците од локалното училиште. 

Треба да знаете
Последни објави