Search

Вучиќ со сопругата на прием кај Бајден: Ја потврдивме нашата посветеност за подобрување на билатералните односи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ,  беше на официјален прием кај претседателот на САД, Џозеф Бајден.

По тој повод, Вучиќ на Инстаграм напиша дека на приемот кај Бајден ја потврдил посветеноста за натамошно унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.

„На официјалниот прием кај претседателот Бајден ја потврдивме нашата посветеност за натамошно унапредување на нашите билатерални односи“, рече Вучиќ.

Инаку, Вучиќ беше на приемот со сопругата Тамара Вучиќ, а на Инстаграм објави заедничка слика со Бајден и првата дама на САД, Џил Бајден.

Треба да знаете
Последни објави