Search

АА го прашува Мицкоски дали сликата со Јанкуловска значи враќање во политиката на сите криминалци осудени за злоупотреба на власта во минатото?

По денешната средба во седиштето на ВМРО ДПМНЕ, меѓу актуелниотлидер Христијан Мицкоски и поранешната функционерка на опозициската партија, сега затвореничка поради злоупотреба на службената положба како министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска со реакција се јави партијата Алијанса на Албаниците:

-Денес, повеќе од кога било, се гледа вистинското лице на Мицковски и неговите политички партнери. Средбата и објавувањето на фотографијата со Гордана Јанкуловска го легализираат и рехабилитираат политичкиот и институционалниот криминал како политичка жртва. Алијанса за Албанците најостро го осудува обидот на Христјан Мицковски и ДПМНЕ за амнестија и рехабилитација на криминалци кои во моментов издржуваат затворски казни.

Фактот што ВМРО никогаш не најде сила да се извини за мрачното минато и да се огради од тој период, покажува дека и нивната иднина останува криминал и мрак, а во овие регресивни акции партнери се и некои мизерни Албанци. 

Јавно ги прашуваме Мицкоски и опозицијата, дали оваа слика значи дека планирате враќање во политиката на сите криминалци осудени со правосилни пресуди за криминал и злоупотреба на власта во минатото? Дали ова е причината за спротивставување и блокирање на европската иднина на земјата, која ќе донесе и правда и праведна борба против криминалот и корупцијата?

Треба да знаете
Последни објави