Search

Танески нов селектор на македонската кадетска ракометна репрезентација

Ракометна федерација на Македонија денес го именува Наум Танески за селектор на машката кадетска репрезентација. Помошник на Танески ќе биде Миле Бочкаровски.

Кадетската машка репрезентација ќе учествува на квалификациски турнир кој ќе се одржува од 4 јануари од 8 јануари следната година. На турнирот ќе учествуваат и националните селекции на Косово, Швајцарија и Словачка од кои најдобрите 2 селекции ќе обезбедат пласман на Европското првенство 2024 во Црна Гора.

Организатор на групата за квалификацискиот турнир е РФМ, натпреварите ќе се одигруваат во Скопје, спортскиот центар „Автокоманда“, а во пресрет на подготвителниот период машката кадетска репрезентација ќе учествува и на турнирот „Трофеј Карпати“ кој ќе се одржи во Плоешти, Романија во период од 25 – 29 октомври оваа година.

Покрај македонската репрезентација до 18 години ќе учествуваат и соодветните селекции на Египет, Црна Гора и Романија. 

Треба да знаете
Последни објави