Search

Родриго го менува Салах во Ливерпул

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп, сака во зимскиот преоден рок да го ангажира играчот на мадридски Реал и бразилски репрезентативец Родриго, јавија денеска британските медиуми.

Според истите извори, Клоп во Родриго гледа идеална замена за Мохамед Салах во случај египетскиот репрезентативец, како што се очекува, да го напушти Ливерпул во јануари.

Ливерпул во летниот преоден рок ја одби понудата на Ал Итихад од 250 милиони евра за Салах, но во јануари би можел да му дозволи да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Во тој случај, Ливерпул ќе настојува да го ангажира 22 – годишниот Родриго, кој има договор со Реал до јуни 2025 година, а обесштетувањето ќе изнесува околу 100 милиони евра. 

Треба да знаете
Последни објави