Претрес во Битола, пронајдена марихуана

 Во Битола вчера полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Д.(33) од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, информираа од СВР Битола, биле пронајдени и одземени три ќеси или околу половина килограм марихуана.
Лицето било приведено во полициска станица Битола, по што било предадено на судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор. 

Треба да знаете
Последни објави