Гранатиран уште еден украински град, објавена снимка од спасување на ранети од урнатините во Черкаси

Министерот за внатрешни работи на Украина, Ихор Клименко, објави видео снимено во Черкаси, друг украински град кој утринава беше гранатиран од руските сили.

На видеото се гледа спасување на ранет од урнатините на погодената зграда.

Клименко на својот канал Телеграм објави дека спасувачките операции продолжуваат, додавајќи дека се уште се трага по луѓе кои можеби се наоѓаат под урнатините.

Треба да знаете
Последни објави