Во Хрватска познат ланец супермаркети отвори прва подавница без каси

Познатиот хрватски ланец супрмаркети „Конзум“ во Загреб ја отвори првата SMART продавница во регионот. Продавницата без каси на клиентите им нуди уште подобро и поедноставно шопинг искуство. Во неа клиентите можат да влезат, да го скенираат QR кодот од мобилната апликација на Конзум, да ги земат саканите артикли од полицата и едноставно да излезат. Плаќањето за купените артикли ќе се врши автоматски преку сметката на дебитната или кредитната картичка внесена од клиентот во апликацијата, а фактурата ќе биде испратена до апликацијата и на е-поштата.

Едноставно, без гужва и чекање, системот преку апликацијата всушност функционира како „дигитален паричник“ и им овозможува на клиентите од сите генерации премиум шопинг искуство.

„Со отворањето на првата продавница SMART во Југоисточна Европа, покажуваме дека Конзум е лидер во трендовите и иновациите. Со цел да останеме неприкосновен лидер на пазарот и прв избор за вработените и клиентите, ние континуирано инвестираме во модернизацијата на нашата малопродажна мрежа, вклучувајќи целосно нови концепти како што е Конзум СМАРТ. Со секој нов технолошки чекор Конзум станува синоним за модерен начин на пазарење за целото семејство“, изјави Зоран Митрески, извршен директор на малопродажната групација Фортенова и претседател на управниот одбор на Конзум.

Технологијата што се користи за овој концепт на продавница се базира на компјутерска визија за препознавање, а просторот е покриен со 150 камери, благодарение на кои може да се следи кои предмети ги земал купувачот од полицата и да се наплаќаат само оние што ги земал со себе од продавницата.

Во новата продавница SMART, клиентите можат да избираат прехранбени производи, производи за хигиена и предмети за домаќинството од широк асортиман од повеќе од 1.700 артикли за општа намена, со акцент на свежиот оддел, пијалоци и асортиманот TO GO.

Треба да знаете
Последни објави