Search

Пробјеж нов селектор на репрезентацијата на Полска

Фудбалската федерација на Полска го назначи денеска Михал Пробјеж за нов селектор.

Пробјеж на полската клупа седнува на местото на Португалецот Фернандо Сантош, кој девет месеци по назначувањето е отпуштен поради слаби резултати во квалификациите за ЕУРО2024.

„Ова е најдобриот избор. На новиот селектор сакам да му посакам многу среќа“, објави на социјалните мрежи претседателот на Фудбалската федерација на Полска, Цезари Кулеш.

Пробјеж, кој во недела ќе го прослави својот 51. роденден, претходно беше селектор на полската репрезентација до 21 година, а предводеше повеќе клубови, меѓу кои Арис и Видзев Лоѓ. 

Треба да знаете
Последни објави