Search

Блинкен ја обвини Русија за злосторства против човештвото во Украина

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја обвини Русија за злосторства против човештвото во Украина.

– Русија речиси секојдневно врши воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина, рече Блинкен на состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на војната.

Состанокот го отвори генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш кој предупреди дека војната на Русија против Украина ги подигнала геополитичките тензии.

По Гутереш, за првпат пред Советот за безбедност зборуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски ја напушти салата пред говорот на Блинкен. Тој очекувано не се врати ниту за обраќањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина пред 19 месеци, Советот за безбедност се состана десетици пати за ова прашање. Но, тој не може да преземе никаква вистинска акција бидејќи Русија има право на вето.

Треба да знаете
Последни објави