Search

Без изненадувања на стартот на македонскиот фудбалски Куп

Без изненадувања заврши воведното коло во македонскиот фудбалски Куп во кое прволигашките екипи обезбедија попладнево пласман во осминафиналето.

Убедливи победи извојуваа Воска, Шкупи и Брегалница, додека Вардар, Тиквеш и Гостивар беа поуспешни по изведувањето пенали.

Бранителот на трофејот Македонија ЃП, како и ланските полуфиналисти Силекс, Шкендија и Струга беа слободни во воведното коло.

Резултати 1/16 финале:: Арсими – Тиквеш 1-2, Башкими – Скопје 2-1 (на пенали), Коњаре – Шкупи 0-8, Карбинци – Воска 0-10, Кожув – Брера 0-2, Новаци – Брегалница 0-7, Охрид – Детонит 2-0, Тетекс – Работнички 0-3, Велазерими – Пелистер 0-4, Беласица – Гостивар 0-1 (на пенали), Јанг Тим Струга – Победа 1-0 (на пенали), Беса – Вардар 1-2 (на пенали).

Треба да знаете
Последни објави