Search

Расте скандалот во Реал, одземени мобилните телефони на играчите, ширеле видеа од малолетничка на WhatsApp

Четворицата млади фудбалери на Реал кои беа обвинети дека ја снимиле, а потоа ја ширеле експлицитната снимка на 16-годишно девојче би можеле да се најдат во уште поголема неволја, објавија шпанските медиуми.

Имено, истрагата е проширена и на уште една жртва. Полициски извори ја потврдија информацијата од медиумите, но не ги прецизираа сите околности.

Откако ќе биде прегледана содржината на мобилните телефони одземени од четворицата млади фудбалери и откако оштетените ќе дадат исказ, обвинетите ќе бидат повикани да дадат исказ пред истражен судија.

За потсетување, четворицата фудбалери беа уапсени минатиот четврток, што беше кулминација на истрагата која започна две недели откако малолетничката, придружувана од нејзината мајка, пријавила во полиција дека нејзиното интимно видео со играчот се шири во групите на WhatsApp.

Фудбалерите се уапсени во тренинг кампот на Реал, им биле одземени мобилните телефони, по што по обвинението за кривични дела против приватноста, биле ослободени.

Треба да знаете
Последни објави