Search

Пукна „тиквата“ меѓу Мицкоски и Груевски – членството збунето и поделено

Остри тонови и полемики преку медиумите, испратија вечерва актуелниот и екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски. 

За првиот, Груевски тајно се среќавал со Владата со цел да си обезбеди слобода така што ВМРО-ДПМНЕ требало да се подели, а уставните измени да бидат усвоени. 

За да издејствува уставни измени,  владата подготвува валкани дилови, таа планира да му вети кривична неказнивост на Никола Груевски за тој да се врати и да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот, вели Мицкоски за германски ФАЦ. 

На тоа Груевски не остана должен, па преку објава на Фејсбук побара од Мицкоски докази за таквите обвинувања.

„Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања:

1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,

2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата.

Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка“ напиша Мицкоски. 

Ваквата кавга наиде на изненадување во јавноста, но и на шок на членството на ВМРО-ДПМНЕ. 

Под објавата на Груевски се редат коментари каде што едни членови на ВМРО-ДПМНЕ се со поддршка на Груевски, други се со поддршка на Мицкоски, додека трети повикуваат на сплотеност на партијата. 

Мицкоски до овој момент се уште се нема јавно произнесено за интервјуто за ФАЦ за да ги образложи ставовите.

Треба да знаете
Последни објави