Search

Осасуна се соочува со казна поради морбидните скандирања на навивачите кон Гринвуд

Шпанската фудбалска федерација ќе ја разгледа ситуацијата која се случи на натпреварот од 5. коло на Ла Лига помеѓу Хетафе и Осасуна (3:2). Навивачите на Осасуна скандираа „Умри Гринвуд“ кога поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед се појави на теренот.

Според „Дејли мејл“, шпанската лига ги пријавила скандирањата до комитетот против насилство на фудбалските терени.

Гринвуд беше надвор од фудбалските терени од јануари 2022 година поради случај на претепување девојка. Откако играчот беше ослободен, Манчестер јунајтед не го врати Англичанецот во составот. 

Треба да знаете
Последни објави