Search

Одложено судењето за „Таргет – Тврдина“ поради измените на Кривичниот законик

По барање на обвинителството се одложи денешното рочиште за „Таргет -Tврдина“ за масовното прислушување поради правните прашања што произлегуваат од измените на Кривичниот законик и нивното влијание врз правната квалификација на кривичните дела за кои се гонат обвинетите.

До следното рочиште обвинителството ќе анализира кои дела треба да се преквалификуваат, а кои застаруваат и ќе донесат одлука како понатаму ќе го водат овој предмет.

Коалицијата сите за правично судење објави дека застарувања има и во овој предмет, каде лани во декември апелација ја укина пресудата и сега е на повторно судење.

Треба да знаете
Последни објави