Search

Никола Тодоров: Уставни измени ќе има, прашање е дали пред или по избори

Поранешниот министер за образование и здравство и висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, во интервју за слободен печат, вели дека уставни измени се извесни, единствено прашање е дали тоа ќе се случи пред или по локалните избори.

„Македонија ќе мора да ги вметне Бугарите во Уставот, прашањето е дали тоа ќе се случи пред или после избори. Во следните неколку месеци ќе се кристализира дали Мицкоски ќе прерасне во лидер кој ќе ја води нацијата или пак ќе мора да замине со бремето на човек кој ја оставил ВМРО-ДПМНЕ најдолго време во опозиција, вели Тодоров.

Тој нема речиси никакви дилеми дека Македонија ќе продолжи на „патот кон Запад, што одамна го имаме одбрано“, а дека сѐ останато е резултат на некој „инает предизвикан од моментното незадоволство од политичките елити“.

Линк до целосното интервју

Треба да знаете
Последни објави