Search

Извлечена четвртфиналната жрепка во Дејвис купот

 Бранителот на трофејот Канада ќе игра против Финска во еден од четирите четвртфинални дуели во Дејвис купот, одлучено е денеска со жрепка.

Во преостанатите четвртфинални дуели ќе играат Србија – Велика Британија, Италија – Холандија и Чешка – Австралија.

Победникот од пресметката меѓу Србија и Велика Британија во полуфиналето ќе игра против поуспешниот од дуелот меѓу Италија и Холандија, додека во второто полуфинале ќе играат победникот од дуелот меѓу Канада и Финска против победникот од дуелот меѓу Чешка и Австралија.

Завршниот турнир на годинешното издание на Дејвис купот ќе се одржи од 21 до 26 ноември во шпанскиот град Малага.

Треба да знаете
Последни објави