Search

Воздушен напад на Лавов: пожар во индустриски магацин, две лица во урнатините

Во руски воздушен напад врз градот Лавов во западна Украина рано утринава едно лице е тешко повредено, а голем пожар избувнал во индустриски магацин, соопштија украинските власти.

„Во Лавов, под урнатините се пронајдени жена и маж. Според првичните информации, жената не е повредена. Мажот е во тешка состојба“, изјави гувернерот на регионот Лавов, Максим Козицки на Телеграм.

Сè уште не се познати размерите на овој напад и целосниот обем на штетата, пренесува „Ројтерс“.

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј, објави дека предупредувањето за воздушен напад за регионот е укинато по речиси три часа, околу 6 часот по локално време.

Треба да знаете
Последни објави