Search

Ахмети контра Мицкоски – каков „бугарски диктат, тоа е француско-германски предлог

„Го слушам Мицкоски како вели ’бугарски диктат’, каков бугарски диктат кога предлогот е француско-германски. Тука автоматски македонската нација добива меѓународен легитимитет, Бундестагот гласаше за признавање на јазикот, културата, македонската нација, има иницијатива во американскиот Конгрес, американскиот Сенат за чествување на културата, јазикот, историјата на Македонија, да не ја пропуштиме шансата бидејќи историски нациите и државите биле изградени со сојузништво, пријателство, ќе останеме сами, изолирани, губиме шанса за членство во ЕУ и потоа ќе се караме меѓу себе кој е предавникот, да ги бараме предавниците“,изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети во инетервју за емисијата „360 степени“.

Според него, со внесот на Бугарите како уставна категорија, автоматски се прави јасна поделба, Македонци и бугарското малцинство.

„Добиваш меѓународен легитимитет, јазикот, традицијата, културата – и ова е историски момент, сите сме заедно за ова решение и да не бев убеден, воопшто не би апелирал до вас, до целата опозиција, соодветниот, клучниот момент е денес, утре ќе биде доцна и утре ќе влеземе во конфликт за тоа кој беше предавникот, дали беше Мицкоски, Зоран Заев или Ковачевски. Овој судир ќе се случи утре, бидејќи шансите доаѓаат еднаш и ова е соодветниот момент, меѓународен легитимитет на македонската нација, македонскиот јазик, македонската историја. Што добивме од грчката страна што не го решивме проблемот во дадениот момент? Деградиравме, бидејќи понудата најпрвин беше понапредна од решението што го направивме. Промена на името само за надворешна, но не и за внатрешна употреба“, порача Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави