Search

Спасовски за Фокус: Рано е да разговараме дали би бил кандидат за претседател или лидер на СДСМ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој е и член на Централниот одбор на владејачката СДСМ во интервју за неделникот „Фокус“ вели дека се уште е рано да се разговара дали би бил иден кандидат за претседател на државата на претстојните избори, а на прашањето дали се гледа како иден претседател на партијата вели дека тоа се претпоставени прашања. Сепак тој во интервјуто не ги исклучува двете можности.

ФОКУС: Дали се гледате како евентуален иден претседател на државата или претседател на партијата, со оглед на тоа што некои анкети покажуваат дека имате најголема доверба меѓу министрите.

СПАСОВСКИ: За мене е важно од првиот момент кога станав министер, носител на функција на извршната власт, да ги оствариме очекувањата на граѓаните, а тоа значи да ги јакнеме институциите.Така што за мене врвен приоритет е до крајот на мандатот да ги реализираме задачите што сме ги поставиле пред нас. Во однос на политичката дебата, што е тоа што треба да направиме во иднина – тие политички дебати ќе ги разговараме во рамките на партијата.

ФОКУС: Би прифатиле ли да бидете кандидат за претседател?

СПАСОВСКИ: Сѐ уште е рано да разговараме на оваа тема, тоа ќе дојде во моментот кога ќе се разговара во рамките на партијата. Сега сум насочен на активностите во Министерството и во Владата.

ФОКУС: Се гледате ли како иден лидер на СДСМ?

СПАСОВСКИ: Тоа се претпоставени прашања на кои можеме да разговараме, но во услови кога имаме состојба за остварување на најважната национална цел – членството во ЕУ, подготовката за избори, за мене е многу важно добро позиционирање на СДСМ, давање добра понуда на граѓаните и, секако, да ја добие довербата целиот тој кампус за проевропска Македонија, кој има јасна визија и со целата сила, со целиот мој капацитет ќе работам на остварување на овие цели.

ФОКУС: Комуницирате ли со Заев?

СПАСОВСКИ: Јас комуницирам со сите во партијата и нема причина да не комуницирам со кој било претседател на СДСМ. Напротив, тие се мои другари, мои соборци и во секој момент сум тука за сѐ, и за партијата, и за сите нив лично.

Треба да знаете
Последни објави